Фридрих Вилхелм Оствалд (германски: Friedrich Wilhelm Ostwald; 1853-1932) - германски хемичар, добинтик на Нобеловата награда во 1909 година.
Животопис Најголем дел од кариерата, Оствалд ја поминал како професор на Универзитетот во Лајпциг, каде основал списание и институт, а покрај тоа, тој го помогнал основањето на повеќе научни друштва.
Творештво Покрај со својата научна работа, Оствалд се прославил и како голем поборник на организацијата. Нему му се припишува дека во еден јавен настап ја дал следнава изјава: „Германија сака да ја организира Европа, на која досега сè уште ѝ недостасува организација. Сега ќе ви ја откријам големата тајна на Германија: ние, или можеби германската раса, го откривме значењето на организацијата. Додека другите народи сè уште живеат под режимот на индивидуализам, ние веќе го достигнавме режимот на организација.“F. A. Hayek, The Road to Serfdom: Text and Documents (The Definitive Edition). Chicago: The University of Chicago Press, 2007, стр. 186.
Наводи
Категорија:Германски хемичари Категорија:Професори на Универзитетот во Лајпциг Категорија:Родени во 1853 година Категорија:Починати во 1932 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија