Ден на човековите права — годишен празник кој се прославува низ светот на 10 декември секоја година.
Датумот бил одбран во чест на прифаќањето и одобрувањето на Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното собрание на ООН на 10 декември 1948 година во Париз, прв глобален документ за човекови права и едно од првите големи достигнувања на новите Обединети нации. Официјалното создавање на овој ден се случило на 317. пленарен состанок на Генералното собрание на 4 декември 1950 година, кога Генералното собрание ја донело резолуцијата 423(V), поканувајќи ги сите земји-членки и секоја друга заинтересирана организација да го слави денот како што тие сметаат најдобро.
Денот вообочаено е одбележуван од политички конференции од висок ранг и состаноци, како и од културни настани и изложби за проблемите со човековите права. Дополнително, на 10 декември традиционално се доделуваат наградата за човековите права на Обединетите нации и Нобеловата награда за мир. Многу владини и невладини организации активни во полето на човековите права, исто така, организираат специјални настани во чест на денот, како и многу други граѓански и општествени организации.
Поврзано Обединети нации
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Човекови права Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Празници во декември