Рипсимија () — македонска благородничка од ерменско потекло, сопруга на комитот Никола и мајка на комитопулите — браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, подоцна Цар Самоил, владетел на средновековното Македонско Царство.
За нејзиниот живот не се знае речиси ништо. Нејзиното име е познато од прилогот на епископот Михаил Деволски кон летописот на Јован Скилица. Познато е дека починала нешто пред 993 г., од кога датира познатиот Самоилов натпис од црквата „Св. Герман“ во с. Герман, Преспанско, поставен од Царот Самоил во спомен на неговите родители и брат му Давид врз нивниот гроб (кој не е пронајден).
Го носела името на популарната ерменска светица Рипсиме, која маченички умрела во 290 г. Ова сознание служи како аргумент за тезата за ерменскиот удел во Охридската династија.Златарски, В. "История на българската държава". т. I, ч. 2, с. 606-607, (изд. София 1971).Андреев, Й. Лазаров, Ив. Павлов, Пл. Кой кой е в средновековна България. Просвета, София, 1995, стр. 325. Постои претпоставка дека била ќерка на ерменскиот цар Ашот II и царицата Марија од Качум.Adontz, Nicholas (1938). Samuel l'Armenien, roi des Bulgares. MAR Bclsmp (in French) (39): 37.
Семејна лоза
Поврзано Комитопули Самуилово Царство Самоилов натпис
Наводи
Категорија:Македонско благородништво Категорија:Самоилово Царство Категорија:Комитопули Категорија:Луѓе од 10 век