Весна Гаврил-Тапшановска (Ресен, ) — македонска театарска и телевизиска глумица.
Животопис Весна Гаврил е родена на 3 април 1989 година во Ресен. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за глумечка игра во класата на Ѓорѓи Јолевски во 2011 година. Таа е вработена во Македонскиот народен театар од 2014 година.„Весна Гаврил-Тапшановска “. Македонски народен театар.
Театрографија Ученик — „Р“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МКЦ, 2006; Хор — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2006; Вини — „Play Beckett/Среќни денови“ од Семјуел Бекет, р. Ѓорги Јолевски, Драмски театар - Скопје, сипломска претстава, 2008; Игнација — „Душички“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Загорка Поп-Антоска Андоновска, НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово, 2008; Косара — „Владимир и Косара“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Слободан Милатовиќ, Министерство за култура на РМ, Министерство за култура на Црна Гора, Скопско лето и Барски љетопис, 2009; Силвија — „Тигар“ од Мореи Шизгал, р. Драган Велјановски, МКЦ, 2011; Учителка по англиски — „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015.
Филмографија Телевизиски серии „Македонски стари приказни“, Сител ТВ, р. Драган Велјановски (2011). Магдалена - "Тврдокорни", МРТ 1, епизоди "Јане Сандански" и "Тодор Паница", р. Миле Грозданоски (2014-2015). „Македонски народни приказни“, МРТ 1, р. Миле Грозданоски (2015).
Синхронизации Синхронизација на анимираната детска серија „Бон Тон“. Синхронизација на турски серии на Сител-телевизија.
Награди Добитник на „Златен Аполон“ за најдобра глумица за улогата на Косара во претставата „Владимир и Косара“, 2009.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Глумици од Ресен Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар