Државно водство Претседател Стево Пендаровски Премиер Зоран Заев (до 3 јануари) Оливер Спасовски (од 3 јануари) Претседател на Собранието Талат Џафери

Настани јануари

3 јануари - Премиерот Зоран Заев поднесе оставка по што Собранието ја избра техничката влада предводена од Оливер Спасовски 31 јануари – Велика Британија официјално се повлече од Европската унија (Брегзит)

февруари

23 февруари – Прво големо жариште на коронавирус во Европа во Италија со 152 случаи и три смртни случаи, што предизвика итни мерки, локдаун во 10 градови во Ломбардија. 29 февруари – САД и Талибанците во Доха, Катар потпишаа договор за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан. САД и НАТО сојузниците ќе ги повлечат своите трупи по 14 месеци доколку се одржи договорот.

март

11 март – Првиот човек на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебресесус прогласи пандемија на коронавирус, со 121.564 случаи ширум светот и 4.373 смртни случаи 12 март – Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека Велика Британија се соочува со „најтешката криза во јавното здравство во една генерација“, до 10.000 луѓе веќе е можно да се заразени со коронавирус. 13 март - Прогласена е кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради ширење на Коронавирус 17 март – Европската унија објави 30-дневна забрана за влез во нејзините 26 земји за скоро сите патници, во обид да спречи ширење на коронавирусот. 18 март - Претседателот Стево Пендаровски прогласи вондредна состојба на целата територија на Македонија 24 март - Советот на министри на Европската Унија одобри почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ

април

14 април – Американскиот претседател Доналд Трамп го замрзна финансирањето за Светската здравствена организација, со обвинувања за грешки во справувањето со пандемијата на коронавирус и поради наводна попустливост кон Кина. 23 април – Германската канцеларка Ангела Меркел предупредува дека ова „не е крајна фаза, туку е само почеток на пандемијата на коронавирусот. 23 април – Американскиот претседател Доналд Трамп сугерира дека коронавирусот може да се третира со вбризгување средства за дезинфекција или УВ-светла во човечко тело на брифинг со новинарите во Белата куќа. Владини претставници и компании за дезинфекција брзо изјавуваат дека тоа не само што е крајно опасно, туку и потенцијално смртоносно.

мај 3 мај – Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека Кина е одговорна за ширењето и сериозноста на коронавирусот и дека треба да одговара за тоа. 5 мај – Потврдените случаи на коронавирус во светот достигнаа 3,65 милиони, а случаи на САД надминаа 70 000, додека Велика Британија станува најпогодена во Европа со 29,427 смртни случаи. 23 мај - Успешно изведено првото пресадување на срце во Македонија

јуни

8 јуни – Светска банка соопшти дека коронавирусот ќе ја намали глобалната економија за 5,2 проценти во 2020 година. 17 јуни – Прв поголем пробив во лекувањето на коронавирусот, со употреба на стероид дексаметазон, објави Универзитетот Оксфорд. 28 јуни – Бројот на починати од коронавирус во светот надмина 500.000, двојно зголемување за помалку од два месеци.

јули август септември октомври ноември декември Култура Музика Филм и телевизија Згради и градби Спорт Фудбал Репрезентација Вести Лиги Кошарка Вести Лига Репрезентација Ракомет Репрезентација Европско првенство

Клубови Одбојка Починати