Џиро д’Италија 2019 (позната и како Трка околу Италија 2019) — 102. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 11 мај и 2 јуни како дваесет и трети настан во сезоната на Светската турнеја. Таа била прва голема трка во сезоната 2019.

Започнала со поединечен хронометар во Болоња, а завршила со уште еден хронометар во Верона. Трката била освоена од Ричард Карапас (), кој станал првиот еквадорски возач кој ја освоил Џиро д’Италија. Италијанецот Винченцо Нибали () завршил втор, додека Словенецот Примож Роглич () завршил на третото место. Карапас, исто така, станал втор јужноамерикански возач кој ја освоил Џиро, по Наиро Кинтана во 2014 година.

Паскал Акерман () тесно го освоил бодовниот пласман пред Арно Демар (), додека Дамијано Чима () завршил трет. Џулио Чиконе () го освоил планинскиот пласман откако го предводел на 20 од вкупно 21 етапа на трката, а Мигел Анхел Лопес () го освоил пласманот за млад возач. Екипниот пласман бил освоен од екипата .

Екипи

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Поради договор помеѓу организаторите RCS Sport и организаторите на италијанскиот друмски куп, една од четирите покани традиционално се доделува на победничката екипа во купот. Така, поканата била доделена на . На 25 јануари 2019 година, организаторите на трката ги доделиле останатите три покани на , и . Сите екипи со покани претходно настапувале на Џиро, а три од четирите екипи настапувале и претходната година. Единствен исклучок бил Нипо-Вини Фантини, чие последно учество на Џиро било во 2016 година.http://www.cyclingnews.com/news/2019-giro-ditalia-wildcard-teams-announced/ Секоја екипа имала право на осум возачи.

Претставување на екипите се одржало во Болоња на 9 мај, два дена пред воведната етапа.

Фаворити пред трката

Два претходни шампиона на Џиро, Винченцо Нибали () и Том Димулен (), се сметале за фаворити за розовата маичка, заедно со Мигел Анхел Лопес (), Микел Ланда (), Примож Роглич () и Сајмон Јејтс ().

Други возачи за генералниот пласман биле Ричард Карапас (), Естебан Чавес (), Давиде Формоло (), Јон Исагире (), Боб Јунгелс (), Рафал Мајка (), Бауке Молема (), Бен О’Конор () и Илнур Закарин ().

Возачи за кои се верувало дека ќе бидат главни фаворити за победи на спринтерските етапи се моменталниот германски првак Паскал Акерман (), Французинот Арно Демар (), австралискиот возач Кејлеб Јуан (), Колумбиецот Фернандо Гавирија () и бранителот на бодовниот пласман од 2018 г., Италијанецот Елија Вивијани ().

Рута и етапи

мини|Мигел Анхел Лопес во текот на етапата 19, носејќи ја белата маичка како предводникот на пласманот за млад возач

Трката започнала на 11 мај со поединечен хронометар во должина од 8 километри, планински хронометар во градот Болоња. Етапата завршувала на искачување во должина од 2,1 километар до манастирот Мадона ди Сан Лука. Стрмното искачување (просечен наклон 9,7%), кое редовно се користи како завршнува на италијанскиот есенски класик Џиро дел’Емилија, првпат било возено на Џиро во 1956 година и досега се појавило вкупно четири пати. Потоа, трката се планира да продолжи на југ, каде втората етапа ги преминува Апенините и влегува во Тоскана, чествувајќи го тосканскиот велосипедист Џино Бартали, со етапна завршница во Фучекио. Следната етапа ќе започне во Винчи, прославувајќи ја 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи и завршница во Орбетело, каде ќе биде и почетокот на следната етапа, каде трката ќе ја напушти Тоскана за областа Лацио со етапна завршница во Фраскати. Продолжувајќи на југ, главната група потоа ќе го напушти Фраскати за етапна завршница во Терачина. По краткиот пренос до Касино, трката ќе продолжи со ридска етапа во Апулија на источниот брег, завршувајќи во градот Сан Џовани Ротондо. Потоа, трката ќе продолжи на север, со етапни завршница во Л’Аквила и Пезаро. Со исклучок на воведната етапа, првиот дел на трката се смета подобен за спринтерите и можни бегства. Борбата за генералниот пласман се очекува да започне на поединечниот хронометар на етапата 9 во Сан Марино. Етапата во Сан Марино ќе биде последна пред денот за одмор и само тогаш трката ќе ја напушти Италија.

По првиот ден за одмор на 20 мај, возачите имале две рамни етапи со завршници во Модена и Нови Лигуре. Дванаесеттата етапа од Кунео се верувала дека е првата етапа наменета за искачувачите, бидејќи го вклучувала искачувањето Монтозо (1.248 м.н.в.). Релативно кратката (146 км) етапа завршувала со многу кратко, но стрмно искачување во градот Пинероло со наклони до 20%. Тринаесеттата етапа се сметала за прв тест за возачите кои целеле на генералниот пласман и била прва завршница на брдо, на Лаго Серу. Етапата вклучувала и две други категоризирани искачувања.

По вториот и последен ден за одмор на 27 мај, возачите ја имале кралската етапа на трката. Етапата ќе започнела во Ловере и ќе вклучувала неколку категоризирани искачувања, како Пасо дел Мортироло, пред да заврши во Понте ди Лењо. Првично, етапата требало да го вклучува Пасо ди Гавија, последно вклучено во 2014 година, меѓутоа искачувањето било отстрането од рутата два дена пред етапата поради снег и лоши временски услови. Мортироло било првпат вклучено во 1990 година и оттогаш се појавило повеќепати на трката, последно на 16. етапа на Џиро д’Италија 2017, освоена од Нибали. Трката треба да заврши со хронометар во должина од 17 километри во Верона на 2 јуни.

Преглед на трката

мини|150п|Примож Роглич (на етапата 18) станал првиот носител на розовата маичка откако ја освоил првата етапа.

Првата етапа, планински хронометар во должина од 8 километри во Болоња, била освоена од Примож Роглич () кој со тоа станал првиот носител на розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Роглич, исто така, го презел водството во бодовниот пласман. Џулио Чиконе () го презел водството во планинскиот пласман и станал првиот носител на сината маичка, додека Мигел Анхел Лопес () завршил како најбрз млад возач и станал предводник на пласманот за млад возач. Втората етапа, прва масовна спринтерска етапа, била освоена од Паскал Акерман (), кој ја искористил грешката на Елија Вивијани () во подготовката за спринтот. Роглич ја задржал розовата маичка уште еден ден, додека Акерман го презел бодовниот пласман. Чиконе, исто така, заминал во бегство и го задржал водството во планинскиот пласман. Третата етапа повторно била групен спринт, но оваа имала повеќе контроверзи. Во завршницата на спринтот, Вивијани ја свртел линијата на движење и го исфрлил Матео Москети () од насоката. Вивијани ја освоил етапата, но судиите подоцна го казниле за нелегален спринт, поради што му ја доделиле победата и бодовниот пласман на Фернандо Гавирија (). Не се случиле други промени во маичките. Ричард Карапас () ја освоил четвртата етапа по доцниот напад. Поради повеќе падови на само неколку километри пред целта биле погодени повеќе возачи. Еден од погодените возачи бил и фаворитот Том Димулен (), кој на крајот ја завршил етапата четири минути зад многу други фаворити. Роглич го зголемил своето водство во генералниот пласман на 35 секунди, а Акерман го повратил бодовниот пласман. На петтата етапа имала пороен дожд, поради што бил неутрализиран масовниот спринт на крајот. Акерман ја освоил етапата откако за малку ќе удрел во возач на . Гавирија завршил втор. Димулен официјално се повлекол само неколку километри по почетокот на етапата, наведувајќи дека болката била преголема за да продолжи.

Прво раздрмување на трката се случило на шестата етапа, каде бегството ја освоило етапата. Фаусто Маснада () го поразил Валерио Конти () на целта, поразувајќи ја главната група за цели седум минути. Конти ја презел розовата маичка помеѓу другите членови на бегството. Џовани Карбони () го презел пласманот за млад возач. Седмата етапа била уште еден за бегство, овој пат Пељо Билбао () го поразил Тони Галопен () за победа. На осмата етапа Кејлеб Јуан () го освоил спринтот пред Елија Вивијани и Паскал Акерман, носителот на маичката циклама. Деветтата етапа, хронометар во Сан Марино, ја заокружувала првата недела, каде Примож Роглич бил повторно победоносен, овој пат за само 11 секунди пред Виктор Кампенертс () и цела минута пред Бауке Молема () и остатокот од главните фаворити. Конти уште ја носел розовата маичка.

Мала контроверза се појавила во втората недела, кога десеттата етапа завршила во намален број во спринтерската завршница поради падот на носителот на маичката циклама, Акерман. Арно Демар () победил пред Вивијани и Ридигер Зелиг (), кои спринтале по падот на Акерман. Акерман завршил, иако ја изгубил маичката од Демар, а Матео Москети се повлекол поради повреди здобиени во падот. Јуан повторно победил на етапата 11, каде повторно ги поразил Демар и Акерман. Јуан и Вивијани ги објавиле своите повлекувања потоа, како подготовка за Тур де Франс. Дванаесеттата етапа ја следела вообичаената рута на Џиро ди Ломбардија, каде Чезаре Бенедети од бегство ја освоил својата прва професионална победа пред Дамијано Карузо и Еди Данбар. Воедно, Јан Поланц () го презел генералниот пласман од неговиот колега Конти. Тринаесеттата етапа била прва вистинска планинска етапа на Џиро и можна пресвртна точка. Илнур Закарин ја освоил етапата по напад, во кој го достигнал и поминал второпласираниот Микел Ниеве, додека Микел Ланда завршил трет. Изненадување на денот бил Ричард Карапас, кој всушност бил оставен од Винченцо Нибали и Роглич. Ова го довело во пласманот меѓу другите фаворити, две места зад Роглич и уште две зад Поланц. Меѓутоа, на другата страна на спектарот, големи имиња како Мигел Анхел Лопес и Сајмон Јејтс изгубиле повеќе минути. Четиринаесеттата етапа била одлучувачка етапа за розовата маичка, на која Карапас повторно ловел минути. Остатокот од фаворитите повторно го оставиле да оди и со тоа неговата разлика пораснала на скоро две минути за одлучувачка победа. Јејтс завршил втор, добивајќи околу 20 секунди во однос на другите фаворити. Петнаесеттиот ден бил повторно за бегство, откако Дарио Каталдо () го поминал Матија Катанео за победа, додека Јејтс повторно завршил на подиумот. На оваа етапа, Роглич загубил време во однос на соперниците откако имал ден исполнет со падови.

Третата недела започнала со скратената „кралска етапа“ на трката. Пропуштајќи го превојот Гавија, предизвикувачкиот ден донело предводникот во планинскиот пласман Џулио Чиконе () не само да го обезбеди пласманот, туку и да освои етапа од тешко бегство со Јан Хирт (), кој завршил втор. Фаусто Маснада завршил вторпат на подиум на трката како трет, додека Лопес изгубил околу 20 секунди од Нибали, а Роглич над минута. Седумнаесеттиот ден бил уште еден за бегство, овој пат Нан Петер се изборил за победа, додека Естебан Чавес завршил минута и пол зад него, а Давиде Формоло бил трет. Нибали, Роглич и другите, повторно загубиле секунди од Карапас. Меѓутоа, етапата 18 била пауза за многумина. Дамијано Чима ги издржал спринтерските „возови“ на другите екипи за изненадувачка победа пред Акерман и Симоне Консони. Демар, кој го имал бодовниот пласман, завршил осми, поради што ја предал маичката на Акерман, кој ја носел до крајот на трката. Етапата 19 била уште една за бегство, овој пат Чавес конечно освоил етапа за себе и екипата. Андреја Вендраме и Амаро Антунес завршиле на подиум, додека Лопес освоил околу 45 секунди во однос на неговите соперници. Претпоследната етапа на Џиро била една од повозбудливите, каде Пељо Билбао () освоил уште една победа пред Ланда, додека Чиконе бил трет. Роглич и Јејтс изгубиле околу 50 секунди во однос на фаворитите, а Лопес повторно изгубил 2 минути. Со тоа, трката се решавала на завршниот хронометар. Американецот Чад Хејга изненадувачки му ја донел на екипата единствената победа на Џиро, додека Кампенертс завршил четири секунди зад него, а Томас де Гент бил трет, со што заокружил одлично издание на Џиро.