Муса Џенепо (роден на 15 јуни 1998 во Бамако) — малиски фудбалер, играч од средниот ред на Естеглал и на малиската репрезентација.
Клупска кариера Рана кариера Џенепо ја започнал својата кариера во екипата на Јилен Олимпик од Мали.
Стандард Лиеж На 31 јануари 2017 година, Џенепо му се приклучи на белгискиот Стандард Лиеж со договор на заем со опција за откуп. Клубот ја активирал неговата откупна клаузула на 30 мај 2017 година, потпишувајќи постојан договор со играчот.
Своето деби за Стандард го направил во поразот со 4-0 од Клуб Бриж во белгиското првенство, на 27 август 2017 година.. Својот прв гол Џенепо го постигнал на 11 март 2018 година, во победата со 3-2 над Остенде на Верслујс Арена. На 17 март 2018 година, Џенепо играл влегувајќи како замена на местото на Мехди Карсела, во победата на Стандард над Генк со 1–0 по продолженија во финалето на Купот на Белгија, со што го освоил својот прв трофеј во кариерата.
Саутхемптон На 13 јуни 2019 година, Џенепо потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб од Премиер лигата, во трансфер за кој на Стандард му биле платени 14 милиони фунти. Тој го постигнал својот прв гол за светците на 24 август 2019 година, во победата со 2-0 над . Својот втор гол за клубот го постигнал во победата со 1-0 над Шефилд Јунајтед, погодок што бил избран за гол на месецот во Премиер лигата за септември 2019.
Естеглал На 22 август 2025, Џенепо потпишал тригодишен договор со иранскиот клуб Естеглал.
Репрезентативна кариера Џенепо бил младински репрезентативец на својата земја во селекцијата на Мали под 20 години, со која учествувал на Африканскиот куп на нации под 20 години 2017.
Својот прв повик во сениорскиот тим на Мали, Џенепо го добил на 3 октомври 2017 година. Своето деби го направил на 6 октомври во ремито без голови против Брегот на Слоновата Коска во квалификациите за Светското првенство 2018. На 23 март 2019 година, Џенепо постигнал гол против Јужен Судан во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2019, во натпревар кој завршил со победа на Мали на домашен терен со 3-0.
Во јуни 2019 година, бил избран во составот на Мали да учествува на Африканскиот куп на нации 2019. Тој забележал три настапи без постигнат гол на турнирот, а неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 јануари 2020.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Стандард Лиеж Д1 10+7Плејоф 1+0 КБ 5 0 - - - - - - 22 1 2018-2019 Д1 32 8 КБ 0 0 ЛШ+ЛЕ 1Во квалификациските кола+5 0+3 СБ 1 0 39 11Вкупно Стандард Лиеж 42+7 9+0 5 0 6 3 1 0 61 12 2019-2020 ПЛ 13 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 14 2 2020-2021 ПЛ 27 1 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 31 2 2021-2022 ПЛ 8 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - 10 0Вкупно во кариерата 62 11 6 0 6 3 1 0 75 14
Титули Стандард Лиеж Куп на Белгија : 1 2017-2018
Наводи
Надворешни врски
Муса Џенепо на soccerway Муса Џенепо на transfermarkt Муса Џенепо на espn Муса Џенепо на lequipe
Категорија:Фудбалери на Стандард Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Естеглал Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Малиски фудбалери Категорија:Родени во 1998 година