десно|мини|Моцартовата куќа во Виена Моцартова куќа () – куќа во Првиот округ на градот Виена, недалеку од катедралата „Свети Стефан“(). Во оваа куќа се наоѓа единствениот до денес зачуван стан на Волфганг Амадеус Моцарт кој живеел во него од 1784 до 1787 година.

Историја Моцартовиот стан се наоѓа во ул. Домгасе бр. 5 во куќа која датира од 17 век. Првично двокатната куќа, во 1716 година била доградена и архитектонски преуредена. Моцарт изнајмил стан во неа во 1784 година од семејството Камесин. Просториите на станот биле отворени за јавноста во 1941 година по повод обележувањето 150 години од смртта на Моцарт. Овој настан бил дел од „Моцартовата недела на Германскиот Рајх“ при што целта на нацистите било Моцарт да се претстави како типично германски композитор. Од 1945 година оваа куќа е под ингеренција на Музејот на градот Виена. Во 2004 година била започната опсежна реконструкција на оваа градба за да во 2006 година, точно на 250-годишнината од раѓањето на Моцарт, куќата-музеј на Моцарт се прикаже со нов сјај. Денес на 4 ката од овој музеј се достапни визуелни и аудио инсталации за животот и делото на Моцарт и многу историски експонати. Во 2015 година, овој музеј го посетиле преку 150 000 посетители .

Поврзано Волфганг Амадеус Моцарт Виена

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Моцартовата куќа Официјално мрежно место на Музејот на град Виена

Категорија:Музеи во Австрија Категорија:Виена Категорија:Волфганг Амадеус Моцарт