Дарко Чурлинов (роден на , во Скопје) – македонски фудбалер, играч од средниот ред на Коџаелиспор и на македонската репрезентација.

Технички карактеристики Неговата примарна позиција е десно крило.

Клупска кариера Почетоци и рани години од кариерата Чурлинов е роден и израснал во Скопје, Македонија, каде ја започнал својата кариера во локалниот клуб Форца. Потоа, тој поминал низ младинските редови на Работнички и Вардар.

На 14-годишна возраст се преселил во Германија каде ја продолжил својата кариера во младинските категории на Ханза Росток, клуб во кој што веќе играл неговиот пријател, македонскиот фудбалер Димитар Митровски. Во Ханза останал една година, потоа следната сезона бил дел од младинскиот сектор на Магдебург, а последните години од младинската кариера пред да стане професионалец ги поминал во екипата на Келн.

Келн Во сезоната 2018-2019, Чурлинов дебитирал за вториот тим на Келн во Регионалната лига - Запад, влегувајќи како замена во поразот со 0-2 на домашен терен од Викторија Келн на 29 септември 2018. Тоа бил неговиот единствен настап за Келн II таа сезона. На почетокот на следната сезона, тој дебитирал за првиот тим во Бундеслигата, во поразот со 2-1 на гостувањето кај влегувајќи како замена на местото на Флоријан Каjнц во 70-тата минута од натпреварот. Иако тој натпревар се покажал неговиот единствен настап за првиот тим на Келн, во продолжение од сезоната тој продолжил да игра во одлична форма за вториот тим забележувајќи 9 настапи во Регионалната лига - Запад на кои постигнал 7 гола, вклучително и првиот хет-трик во кариерата, во победата со 4-1 над Липштат.

Штутгарт и Шалке 04 На 8 јануари 2020 година, Чурлинов потпишал четиригодишен договор со Штутгарт, кој во тоа време се натпреварувал во 2. Бундеслига. Своето деби во дресот на Штутгарт го имал на 22 февруари 2020 година, против Јан Регенсбург, заменувајќи го Силас Катомпа во 71-вата минута, создавајќи притоа и една можност за гол. По продолжувањето на сезоната која била суспендирана поради пандемијата на КОВИД-19, на 31 мај 2020, Чурлинов го пронашол својот прв гол за Штутгарт во победата со 2-0 над Динамо Дрезден. Сезоната ја завршил со 6 настапи и еден постигнат гол во 2. Бундеслига, давајќи некаков придонес за промоцијата на клубот во највисокото ниво на германскиот фудбал по само една година апстиненција.

Следната сезона, во Првата Бундеслига тој забележал 14 настапи во првенството и два во Купот на Германија, главно влегуваќи како замена од клупата.

На 18 август 2021, Чурлинов бил позајмен на Шалке 04 до крајот на сезоната 2021-2022, со цел да добие повеќе простор за игра во 2. Бундеслига. Тој одиграл вкупно 24 натпревари комбинирано во првенството и купот на кои постигнал 3 гола, освојувајќи ја титулата во првенството со Шалке 04 на крајот од сезоната, со што повторно постигнал промоција како и пред две сезони со Штутгарт.

Барнли На 19 август 2022 година, Чурлинов се преселил во англискиот клуб Барнли за неоткриена сума, потпишувајќи четиригодишен договор. Своето деби за клубот го направил веќе следниот ден во натпреварот од првенството против Блекпул, во кој влегол како замена на местото на Витињо во 71-вата минута. Престојот во Барнли не се покажал како успешен за него; македонскиот играч одиграл само 7 натпревари во Чемпионшип за целата сезона, а на крајот на истата го снашла и неволја надвор од теренот, откако бил хоспитализиран под сомнение за труење со крв во Србија, поради што ги пропуштил квалификациските натпревари на репрезентацијата против и во јуни 2023 година.

Враќање во Шалке 04 и Јагелонија На 23 јануари 2024 година, Чурлинов се вратил во Шалке 04 повторно на позајмица до крајот на сезоната, при што клубот имал опција и да го откупи играчот на крајот од сезоната.

На 7 август 2024 година, тој се приклучил на полскиот шампион Јагелонија Бјалисток на позајмица до крајот на сезоната 2024-2025.

Коџаелиспор На 1 септември 2025, Чурлинов потпишал за новопромовираниот клуб во Суперлигата на Турција, Коџаелиспор. Својте први голови (два) за клубот ги постигнал на 23 декември 2025, во победата со 3-1 над Ерзурумспор во Купот на Турција.

Репрезентативна кариера Чурлинов играл за младинските репрезентации на Македонија, под 17, под 19 и под 21 година. На 28 март 2017 година, на возраст од само 16 години и 8 месеци, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателскиот натпревар против Белорусија добиен со 3-0 во Скопје, со што станал најмладиот играч кој дебитирал за репрезентацијата.gol.mk

По неколку години пауза после дебитантскиот настап, од 2021 година Чурлинов станува редовен член на репрезентацијата и во истата година учествувал со неа на Европското првенство 2020, каде одиграл два натпревари во групната фаза, после која Македонија била елиминирана од турнирот. Малку пред Европското првенство, на 4 јуни 2021, тој го постигнал својот прв гол за „црвено-жолтите“ во победата со 4-0 над во пријателски натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 29 октомври 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Келн II РЛ 1 0 - - - - - - - - - 1 0 2019-јан. 2020 РЛ 9 6 - - - - - - - - - 9 6Вкупно Келн II 10 6 - - - - - - 10 6 2019-јан. 2020 Келн БЛ 1 0 - - - - - - - - - 1 0 јан.-јун. 2020 2Б 6 1 КГ 0 0 - - - - - - 6 1 2020-2021 БЛ 14 0 КГ 2 0 - - - - - - 16 0 јул.-авг. 2021 БЛ 0 0 КГ 1 1 - - - - - - 1 1 авг. 2021-2022 2Б 22 2 КГ 1 0 - - - - - - 23 2 јул.-авг. 2022 БЛ 1 0 КГ 1 1 - - - - - - 2 1Вкупно Штутгарт 21 1 4 2 - - - - 25 3 ago. 2022-2023 ФЛЧ 7 0 ФАКуп+ЛК 4+2 0 - - - - - - 13 0 јан.-јун. 2024 2Б 10 1 КГ 0 0 - - - - - - 10 1Вкупно Шалке 04 32 3 1 0 - - - - 33 3 2024-2025 Јагелонија ЕК 26 5 КП 2 0 ЛЕ+ЛК 2Во квалификациските кола+12 0+2 СП 1 0 43 7 2025-2026 Коџаелиспор ТСЛ 11 0 КТ 1 2 - - - - - - 12 2Вкупно во кариерата 108 15 14 4 14 2 1 0 137 21

Титули Клупски Шалке 04 2. Бундеслига : 1 2021-2022 Барнли Фудбалска лига на Англија Чемпионшип : 1 2022-2023 Јагелонија Суперкуп на Полска : 1 2024

Наводи

Надворешни врски

Дарко Чурлинов на soccerway Дарко Чурлинов на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Фудбалери на ФК Јагелонија Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Коџаелиспор