Андреј Јакимовски (роден на во Крива Паланка) — македонски кошаркар кој бил член на италијанскиот клуб Баскет Торино, а е на позајмица во Торино Кампус Пиемонте.

Клупска кариера Младинска кариера Младинската кариера ја започнал на седум години во младинските екипи на КК Крива Паланка. Во дресот на Крива Паланка настапувал во младинските лиги од сезоната 2010/11 до сезоната 2013/14. Потоа се преселил во Феникс 2010 од Скопје за сезоната 2014/15. Поради добрите игри за време на Европската младинска лига која била одржана во септември 2016 година, во декември Јакимовски потпишал четиригодишен договор со клубот ПМС Монкалиери (подоцна реформиран и познат под името Реале Мутуа Баскет Торино), во кој настапувал за младинската екипа. Потоа настапувал и во Торино Кампус Пиемонте. Во сезоната 2019/20, иако Андреј бил кошаркар на Торино Баскет, тој бил позајмен во својот претходен клуб Кампус Пиемонте. На еден натпревар во декември, тој завршил со индекс 57, со постигнати 42 и остварени 20 скокови. Со тоа, Јакимовски бил прогласен за најкорисен играч на колото.

Сениорска кариера мини|лево|upright|Јакимовски во дресот на Торино во 2019 Во првата полусезона од сезоната 2016/17, односно сè до заминувањето во Италија, Јакимовски се натпреварувал во Втората македонска лига како играч на Феникс 2010.

На крајот на август 2019 година, Андреј потпишал професионален договор со второлигашкиот клуб Реале Мутуа Баскет Торино. Тој бил вклучен во сениорската екипа на Торино Баскет сè до 22 декември 2019 година.

Во јануари 2020 година, Андреј бил поканет од Ректоратот на Вашингтон Стејт Универзитетот со можност да стане нивен студент односно нивен член на кошаркарската секција на Универзитетот. Во јуни, тој потпишал за Универзитетот Вашингтон, односно нивната кошаркарска екипа Кугарс.

Репрезентативна кариера Младинска репрезентација На негови 14 години, Јакимовски бил вклучен во македонската репрезентација под 14 години. Подоцна тој бил повикан во македонската репрезентација под 16 години.

За време на Европското првенство под 2018 години - Б дивизија во 2019 година, кога македонската репрезентација завршила на четвртото место, откако Андреј Јакимовски бил најдобар стрелец, највисок просечен индекс и трет најдобар скокач, тој бил избран во најдобрата петорка на Првеството.

Сениорска репрезентација Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Јакимовски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

Признанија Најдобра петорка на Евробаскетот под 18 години - Б дивизија во 2019 година Награда „Симбол на градот Крива Паланка“ Признание „8 ноември“ за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Крива Паланка за 2019 година Најдобар млад кошаркар за 2019 година Наводи

Надворешни врски Профил на Андреј Јакимовски на Eurobasket.com Профил на Андреј Јакимовски на fiba.basketball

Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Кошаркари од Крива Паланка Категорија:Живи луѓе