Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Сливје. Сместена е во крајниот северен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба. На јужната страна има прозорец и уште една ниша со оштетена оштетена фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно од десната страна пред влезот на црквата. Во нејзиниот горен дел, отворена е од сите страни. Изградена е од бетонски тули и е покриена со низок пирамидален лимен кров.

Галерија

Поврзано Сливје Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Долненско-секиречка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сливје Сливје