Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Забрчани. Сместена е на неколку стотина метри северозападно од селото.
Историја Црквата била изградена во 1987 година по барање на селскиот црковен одбор заради задоволување на верските потреби на селаните.„Црква „Свети Атанасиј“, село Забрчани“. OldPrilep. 6 мај 2012.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна. Кон западната страна е доградена припрата до којашто води влезна врата сместена исто така на јужната страна.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
Поврзано Забрчани Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Варошка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гостиражни Забрчани