„Pearl Jam“ — осмиот студиски албум на американскиот рок бенд Pearl Jam, објавен на 2 мај 2006 година преку J Records. Албумот бил првото и единствено издание на групата за J Records. Албумот бил издаден по скоро четири години од нивниот последен албум Riot Act (2002). Групата започнала со работа на во ноември 2004 година во Студио Х во Сиетл, Вашингтон и завршила во февруари 2006 година.

Музиката од албумот била прогласена за враќање во корените на групата, со акцент на ажурирани песни со агресивен звук. Стиховите на песните се претежно раскажани од гледна точка на ликовите и се занимаваат со социо-политички теми во Соединетите држави во тој период, како што е Војната против теророт.

Албумот бил критички добро прифатен и имал комерцијален успех, дебитирајќи на првото место на Билборд 200. Албумот имал три синглови - „World Wide Suicide“, „Life Wasted“ и „Gone“. Бендот го поддржал албумот со целосна светска турнеја во 2006 година.

Список на песни

Надворешни врски Pearl Jam information and lyrics at pearljam.com

Категорија:Албуми на Pearl Jam Категорија:Албуми од 2006 година