Павле Филипов или Павлос Воскопулос (р. , егејскиот дел на Македонија, ) — грчки активист и политичар и културно-национален деец од македонска народност. Член е на колективното раководство на грчката партија Виножито, чија цел е остварување на основните човекови права на Македонците во егејскиот дел на Македонија.

По студиите по архитектура на Белградскиот универзитет, има приватен бизнис во Лерин, а пред 6 години е вработен во Леринската префектура. Член-основач е на Македонското движење за балкански просперитет, член на Политичкиот секретаријат на Европската слободна алијанса „Виножито“ и член на Домот на македонската култура во Лерин. Со тројца членови на Централниот совет на „Виножито“ се обвинети за „поттикнување насилство“ и „нарушување на мирот“ во 1995 поради поставувањето двојазичен натпис на македонски и на грчки пред нивните канцеларии во Лерин со името на партијата, но во 1998 се ослободени од сите обвинувања. Го води зачленувањето на Партијата „Виножито“ до полноправен член на Европската слободна алијанса – Европска политичка партија (EFA – EPP) и на Федералната унија на европските малцинства (FUEN). Преку настапи во земјата и на меѓународни форуми се бори за подобрување на статусот на Македонците во Егејска Македонија и Македонското малцинство во Грција.

Извор

Надворешни врски Павле Воскопулос: Ние кои не постоиме Павле Воскопулос во интервјуто за македонската редакција на БиБиСи Разговор со Павле Воскопулос

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Лерин Категорија:Македонци од Грција Категорија:Грчки политичари Категорија:Грчки активисти Категорија:Грчки стопанственици