Свети Никола — главна селска црква во скопското село Глуво.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село. Селските гробишта се наоѓаат во непосредна близина на самата црква.

Историја

Црквата била подигната во 1855 година. Според други извори, таа година била само обновена, кога била доѕидана припратата, која ги опфаќа сите страни на стариот храм, освен источната. Таа година, биле урнати западниот, јужниот и северниот ѕид на стариот храм до сводните партии.

Се верува дека стариот храм потекнува од 1306 година.

Архитектура

Градбата се одликува со големи димензии.

Фрескоживопис

Старото ѕидно сликарство е во духот на поствизантиските сликарски разбирања и потекнува од првата деценија на век. Во текот на век, Дичо Зограф изработил монументален живопис. Во ова живописување учествувале и други зографи, како што бил и Димитар Андонов-Папрадишки.

Иконостас

Црквата поседува иконостас, а иконите во него биле изработени од страна на уметникот Дичо Зограф.

Галерија

Поврзано Глуво Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глуво Глуво Категорија:Дела на Дебарската школа