Свети Атанасиј — нова селска црква во скопското село Глуво.

Местоположба

Црквата се наоѓа на возвишение западно од селото. До нејзе води асфалтен пат, кој се двои од главниот пат низ селото.

Историја

Храмот бил подигнат во 2016 година, подигнат врз црквичка од 1970 година, која, пак, била подигната на темели на постара градба.

Финансирање на изградбата на црквата била од страна на мештаните на селото Глуво. Во храмот биле вложени околу 80.000 евра.

Галерија

Поврзано Глуво Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глуво Глуво