Белополски манастир — манастир во изградба во средишниот дел на Македонија, во месноста Баботино, на тромеѓата меѓу селата Бело Поле, Кутлешево и Новоселани.
Историја Темелите за изградба на манастирот биле осветени на 15 декември 2013 година, а одборот кој ја поттикнал изградбата бил сочинет од Иле Петкоски, Звонко Миткоски, Димче Ристеси и Тони Ковилоски. Осветувањето на темелите го извршил Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар.„Манастир „Свети Јован Крстител“, село Бело Поле“. OldPrilep. 20 април 2017.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, чешма и молитвен простор.
Црква „Свети Јован Крстител“
Градбата на црквата се очекува да биде крстокуполен храм со цилиндрична купола и полукружна апсида на источната страна. Влезот се очекува да биде сместен на западната страна.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бело Поле Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија