Виктор Јушченко (украински: Віктор Ющенко) е украински политичар, кој беше третиот претседател на Украина, во периодот од 2005 до 2010 година. Роден е на 23 февруари 1954 година во село Хоруживка, Сумска област, Украина, СССР. Од 2002 до 2004, тој бил водач на опозициската партија Наша Украина. На таа позиција останал до април 2004 кога го победува Виктор Јанукович на редовните претседателски избори (Портокаловата револуција).
Во 2010 функцијата претседател ја преземал Виктор Јанукович, извојувајќи изборна победа над неговата соперничка, Јулија Тимошенко.
Пред да стане претседател, Јушченко имал изградена кариера во украинската политика. Во 1993 г. станал гувернер на Народната банка на Украина, а во периодот 1998-2001 ја извршувал премиерската функција. По напуштањето на ова работно место Јушченко преминал во опозиција, а на парламентарните избори во 2002 г. убедливо триуфирал освојувајќи 111 места (од можни 447) во украиското собрание. Успех забележал и на претседателските избори од 2004 г. кога го победил неговиот голем политички соперник и тогашен претседател на украинската влада, Виктор Јанукович.Виктор Јушченко официјален победник на изборите ; преземено од Утински весник (16.10.2006) Тој изборен процес бил окарактеризиран како доста контроверзен,Никој нема да ја дели Украина!; преземено од Дојче Веле (21.12.2004) бидејќи втората изборна рунда била повторена по одлука на украинскиот Врховен суд, кој сметал дека изборите биле нерегуларни.Избор меѓу Европа и Русија; преземено од Дојче Веле (25.11.2004)
По истекот на петгодишниот претседателски мандат, тој повторно се кандидирал за истата функција, но овој пат бил елиминиран уште во првото коло. На тие избори победа остварил Виктор Јанукович, со тесна предност пред Јулија Тимошенко.Јанукович прогласи победа на претседателските избори во Украина; преземено од ТВ Алфа (08.02.2010) На последните парламентарни избори одржани во 2012 г. Јушченко ја предводел листата кандидати на партијата Наша Украина, но освоил само 1,11% од гласовите, премалку за да влезе во пратеничкиот дом.Парламентарни избори во Украина; преземено од Макфакс (26.10.2012)
Од политичките аналитичари, Виктор Јушченко е окарактеризиран како про-западно настроен политичар, негувајќи добри односи со САД и земјите членки на НАТО пактот.Вашингтон: Посета на Виктор Јушченко; преземено од Радио Слободна Европа (04.04.2005)ЕУ ги интензивира односите со Украина; преземено од Дојче Веле (24.01.2005) Тој силно се залагал за членство на Украина во овој политички блок, за што бил жестоко критикуван од прорускиот дел од јавноста и официјална Москва.Личност на денот - Виктор Јушченко ; од Утрински весник (10.10.2008) За време на неговиот претседателски мандат, украинско-руските односи биле значително заладени.Виктор Јушченко почнува црковна војна со Москва; преземено од Утрински весник (27.07.2008)
Наводи
Надворешни врски Президент 2010 — Мрежно место за кампањата на Јушченко за претседателските избори 2010 „Моја Украина“ — Личното мрежно место на Виктор Јушченко Информациски сервис на партијата „Наша Украина“ Мрежно место на коалицијата „Силата на народот“ Статија „Што е што во Украина“,видување на «К. И. С.» Информациско-аналитички систем «Избори за претседател на Украина» Биографија на Виктор Јушченко Виктор Јушченко — Политика и култура
Категорија:Родени во 1954 година Категорија:Живи луѓе Јушченко, Виктор Јушченко, Виктор Категорија:Премиери на Украина Категорија:Православни христијани од Украина Категорија:Украински православни христијани