Вторник — денот во седмицата помеѓу понеделник и среда

Во македонската традиција вторник е т.н. делник, еден од деновите за работа.

Вторник како тема во уметноста и во популарната култура „Вторник“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 8. „Вторник“ — песна на македонскиот писател Јован Павловски.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 49. „Залудната љубов на вторникот“ — песна на македонскиот поет Љупчо Силјановски.Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 60. „Вторник по вторник“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 360-361. „Вторник“ (англиски: Tuesday) — песна на англиската електро-поп група Јазу (Yazoo) од 1982 година.Yazoo – Upstairs At Eric's (пристапено на 12.12.2023) „Вторник попладне“ (англиски: Tuesday Afternoon) — песна на американската рок-група Moody Blues од 1967 година.YouTube, Moody Blues - Tuesday Afternoon (1970) (пристапено на 1.3.2020) „Вторник“ (англиски: Tuesday) — песна на австралиската рок-група The Hummingbirds од 1989 година.YouTube, The Hummingbirds - Tuesday (пристапено на 16.12.2017)

Поврзано Редовна година која започнува во вторник Престапна година која започнува во вторник

Наводи

Категорија:Денови од седмицата