Кавај Ентони Ленард (роден на 29 јуни 1991) — американски кошаркар кој моментално настапува за Лос Анџелес Клиперс во НБА.
Тој играл две сезони колеџ кошарка за Сан Диего Стејт Ацтекс и бил избран во вториот Ол-Американ тим во неговата софмор сезона. Ленард се одлучил да се откаже од последните две сезони на Сан Диего Стејт со цел да учествува на НБА драфтот 2011. Тој бил избран од Индијана Пејсерс како 15-ти пик во првата рунда, пред да биде разменет во Сан Антонио Спарс истата вечер.
Со Спарс, Ленард го освоил НБА првенството во 2014, и бил избран за МВП на финалето. После седум сезони во Спарс, Ленард бил разменет во Торонто Репторс во 2018. Во 2019, тој ги водел Репторс до нивната прва НБА титула во историјата на франшизата и ја освоил својата втора награда МВП на финалето. Веднаш потоа, во летото 2019 тој се преселил во Лос Анџелес каде потпишал договор со Клиперс како слободен играч во јули 2019.
Ленард е четирикратен Ол-стар учесник и двапати избран во Ол-НБА првиот тим.
Титули и награди НБА НБА првенство : 2 (1 со Сан Антонио Спарс и 1 со Торонто Репторс) 2013-2014, 2018-2019 Најкорисен играч на НБА финалето : 2 2014, 2019 НБА Ол-стар : 4 2016, 2017, 2019, 2020 Најкорисен играч на НБА Ол-стар натпреварот : 1 2020 Избран во Ол-НБА тимот : 3 2× Прв тим: 2016, 2017 1× Втор тим: 2019 Избран во НБА одбранбен тим : 5 3× Прв тим: 2015, 2016, 2017 2× Втор тим: 2014, 2019 НБА Ол-руки прв тим: 2012
Надворешни врски
Кавај Ленард: Профил на NBA.com Кавај Ленард на ESPN Кавај Ленард на basketball reference Кавај Ленард на rotoworld
Категорија:Американски кошаркари Категорија:Играчи во НБА Категорија:Играчи на Сан Антонио Спарс Категорија:Играчи на Торонто Репторс Категорија:Играчи на Лос Анџелес Клиперс Категорија:Родени во 1991 година