мини|Разни видови месни преработки изложени за продажба Месни преработки – секое месо кое било изменето за да му се подобри вкусот или да му се продолжи трајноста односно употребливоста. При преработување на месото се користи солење, конзерванси, ферментација и димење. Месните преработки вообичаено се прават од свинско или говедско месо, но исто така и живинско месо, но исто така може да содржи дроб или крв. Производи кои се добиваат со месна преработка се сланина, шунка, колбаси, салами, солено говедско, џерки, месо во маст и сосови засновани на месо. Процесот на месна обработка ги вклучува сите процеси кои го менуваат свежото месо со исклучок на едноставните механички процеси како сечење или мелење.Introduction
Месната преработка почнала веднаш штом човекот сфатил дека готвењето и солењето ја продолжуваат трајноста на свежото месо. Не е познато кога ова почнало, сепак процесот на солење и сушење бил забележан уште во Стар Египет, додека употребата на снег и мраз им се припишува на Римјаните, а конзерваконзервирање било развиено од Никола Апер кој во 1810 година ја добил иноваторската награда за од француската влада.
Месните преработки и ракот Меѓународната агенција за истражување на ракот при Светската здравствена организација ги класифицира месните преработки на во Група 1 (канцерогени за луѓето), бидејќи имало доволно докази дека консумирањето на месни преработки предизвикува колоректален рак.
Во извештајот од 2016 година Американскиот институт за истражување на ракот и Светскиот фонд за истражување на ракот изложиле дека консумирањето на месни преработки го зголемува ризикот од рак на желудник.
Наводи
Надворешни врски Meat processing technology for small- to medium-scale producers Gunter Heinz, Peter Hautzinger, Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) Regional Office for Asia and the Pacific (RAP), Bangkok, 2007, Introduction
Категорија:Месо Категорија:Канцерогени од групата 1 на МАИР