Вила Паризио – вила во Лија на Малта. Била изградена во 16 век од семејството Мускати и потоа преминала во рацете на семејствата Паризио Мускати, Де Пиро и Стрикланд. Моментално е седиште на Фондацијата Стрикланд и истовремено дом на Роберт Хорниолд-Стрикланд и неговото семејство. Мабел Стрикланд ја купила Вила Паризио во 1943 година. При основањето на Фондацијата Стрикланд „за себе и нејзините наследници засекогаш“ Мабел Стрикланд сепак оставила можност дека седиштето на фондацијата може да се премести на кое било друго место на Малта.

Историја Се верува дека Вила Паризио била изградена во 16 век како летна резиденција на семеството Мускати. Најраниот навод за градбата датира од 1567 година. Во 1797 година ја наследил Паоло Паризио Мускати и по неговата смрт во 1841 година преминала на неговата жена Антонија Мускати Ксара. Во 1938 година, вилата ја купила лејди Маргарет Стрикланд, жена на лордот Стрикланд.

Во 1943 година вилата ја купила Мабел Стрикланд која во неа живеела до нејзината смрт во 1988 година. It is now the seat of The Strickland Foundation, a foundation set up by Mabel in 1979. Mabel set up the Times of Malta with her father Lord Strickland in 1935.

За сопствеништвото моментално се води спор меѓу фондацијата Стрикланд и Роберт Хорниолд-Стрикланд, единствениот наследник на Мабел Стрикланд.

Градини Вилата има свои сопствени градини во кои има бројни портокалови и маслинови дрва.

Поврзано Палацо Паризио (Валета) Палацо Паризио (Наксар)

Наводи

Категорија:Малта Категорија:Лија Категорија:Градби на Малта