thumb|250px|десно|Црвен Поток - влез 250px|мини Црвен Поток — природен резерват во Националниот парк Тара, Србија. Се наоѓа во близина на Митровац на Тара. Во 1950 година бил прогласен за природен резерват од прва категорија и е под заштита на државата.

Природниот резерват Црвен Поток е од големо значење за науката затоа што во тресетните слојеви се сочувани фосилизирани поленови зрна кои чувааат податоци за историјата на растителниот свет, климатските промени, условите во живеалиштата на Тара и на цела Србија.

Се наоѓа на надморска височина од 1080 м, а по површина е нешто малку поголема од 23 хектари. Низ резерватот протекува поток кој преоѓа преку црвената глина и кога надоаѓа потокот добива црвена боја по која и го добил името.

Во резерватот, покрај смрека, елка има и евла и Панчиќева оморика.

Поради голема шумовитост и отсуство на сеча дошло до натрупување на органски материјал но и вода бидејќи долината во која се наоѓа месноста Црвен Поток е водонепропустлива. Последица на тоа е појава на тресетишта. Тој најинтересен дел од резерватот се нарекува Тепих Ливада.

Влезот во резерватот и патот до Тепих Ливада во 2010 година биле посебно уредени, па на многубројните излетници полесно им е да го пронајдат патот.

Галерија

Поврзано Митровац на Тара

Литература

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Туризам во Србија Категорија:Национален парк Тара Категорија:Туристички атракции во Србија