Ероманго (бислама: Erromango, еромангански: Nelocompne) е остров во покраината Тафеа во Вануату. Со своите 891.9 км2, островот е најголем во покраината Тафеа и четврт најголем во Вануату.

Географија Вкупната површина на Ероманго е 891.9 км2. Најголемата должина на островот е 48 км, а ширината е од 20 до 30 км. Највисока точка е Сантоп со 886 метри надморска висина. Островот се наоѓа на следните координати 18°37'Ј и 18°59'Ј и 168°59'И и 168°20'И. Во непосредна близина на Ероманго е островчето Вете Манунг, кој е на 15 км североисточно од Ероманго.

Средишниот дел на островот е сочинет од вулканот Сантоп.Siméoni 2009, p. 85. Островот е дел од Меланезија. Островот е покриен со густа зелена шума, а на западниот дел има густа тревна вегетација.Siméoni 2009, p. 88.

Како и останатите острови во Вануату, така и Ероманго е со вулканско потекло.

Население Според пописот од 2009 година, Ероманго имал население од 1,959 жители. Просечниот годишен природен прираст е 2.2%, и на островот има 325 домаќинства.Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 13. Најголеми села се Дилонс Беј, Потнарвин и Ипота.

Јазици Пред доаѓањето на Европејците, Ероманго важел за доста разновиден во јазична смисла. По доаѓањето на Европејците, островот изгубил од 76% до 83% од староседелските јазици. Според јазичарот Тери Кроули, после Австралија, Ероманго доживеал најголема јазична катастрофа во Океанија.

Денес преживеал само ероманганскиот кој го зборуваат околу 90% од населението. Of Erromangans over the age of five, 63.6%Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 101. 63 проценти од населението се писмени на бислама,Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 97. на англиски 62.0% а на француски само 19% од населението.Vanuatu National Statistics Office 2009a, p. 99.

Сообраќај На островот има две писти, односно аеродрома: Аеродром Дилонс Беј и Аеродром Ипота.

Наводи

Поврзано Тафеа Вануату

Надворешни врски Културно здружение Ероманго Јазици на Ероманго ТАФЕА: Ероманго

Категорија:Острови во Вануату Категорија:Тафеа