Невеста – портрет на ромска невеста од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1937 година со димензии 95х72 см.

Моделот на сликата гледа директно кон гледачот, а телото е странично поставено. На себе има некоја жолта кошула и бел фустан со мали сини и црвени точки. Рацете во скутот држат жолти полски цветови. Зелената заднина е чиста. „Ликот на младото девојче е работен во светол жолтеникавоокерен тон, нанесуван во мошне нежни и изедначено. Грижливо се изведени сите детали (меланхоличните очи, фино изработените усни, носот, малечката брада). Линијата на телото е издолжена, благо свиткана, дејствува опуштено, речиси беспомошно. Внимателно е предадена материјата на облеката, со бои што дејствуваат лесно и проѕирно (светлолилавата, светложолтата, светлосината и темноокерната), нанесени во непресилени валери“. Иако сликата има „недостатоци“ (девојката е анатомски неточна, долниот дел од нејзиното тело е многу голем во споредба со торзото) и во делови сцената е нејасна (на платното не постои никаква индикација за предметот врз кој седи девојката), оваа слика е еден од маркерите на уметноста на Мартиноски од крајот на триесеттите години.

Наводи

Категорија:Слики од Никола Мартиноски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1937 година