Основно училиште „Алија Авдовиќ“ (официјално: Основно општинско училиште „Алија Авдовиќ“ - Батинци; скратено: ООУ „Алија Авдовиќ“) — централно основно училиште во скопското село Батинци, Општина Студеничани.

Училиштето е именувано по македонскиот првоборец и комунистички деец Алија Авдовиќ.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Алија Авдовиќ“ - Црн Врв, подрачно училиште; ПУ „Алија Авдовиќ“ - Љубош, подрачно училиште; ПУ „Алија Авдовиќ“ - Цветово, подрачно училиште; и ПУ „Алија Авдовиќ“ - Елово, подрачно училиште.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Студеничани Батинци Категорија:Батинци Категорија:Основни училишта во Македонија