Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Жван; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во демирхисарското село Жван, Општина Демир Хисар.
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Местоположба
Основното училиште е сместено во новата населба на селото Жван, веднаш на самиот регионален пат Кичево-Демир Хисар.
Градба
Зградата на средишното основно училиште во Жван е изградена во 1961 година, а со настава е започнато на 1 септември 1962 година.
Познати личности кои учеле во ова училиште Петре М. Андреевски Божин Павловски Раде Силјан
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Демир Хисар Категорија:Жван Жван Категорија:Основни училишта во Македонија