За современите цркви, видете Црква „Св. Никола“ (главна) и Црква „Св. Никола“ (пештерна)
Св. Никола или Селски Гробишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува средновековна црква и некропола. Во северозападниот дел на селските гробишта се зачувани остатоци од сакрална градба која жителите ја викаат Св. Никола. Црквата зафаќа простор од 15 × 8 метри. На источниот крај се гледа апсидата. Ѕидовите се малку подобро зачувани во олтарниот дел и се градени од кршен камен, бигор и варов малтер. Околу црквата има гробови со конструкции од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 251, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бучила — населба од неолитско време и некропола од римско време; Градиште — утврдена населба од хеленистичко време; Раица — старохристијанска базилика; Св. Атанасија — некропола од римско време и средновековна црква; Св. Богородица — средновековна црква; Св. Илија — средновековна црква и некропола; Св. Наум — средновековна црква; Св. Петка — средновековна црква и некропола; Стара Колиба — населба од римско време; Турски Гробишта — некропола од доцноантичко време; Љубаништа; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Љубаништа