Основно училиште „Ѓорче Петров“ (официјално: Општинско основно училиште „Ѓорче Петров“ - Ропотово; скратено: ООУ „Ѓорче Петров“) — централно основно училиште во прилепското село Ропотово, Општина Долнени.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во крајниот источен дел од селото, од левата страна на патот кој води до соседното село Жабјани.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во склоп на училиштето се следните подрачни училишта во кои се одвива настава од прво до петто одделение: ПУ „Ѓорче Петров“ - Пешталево; ПУ „Ѓорче Петров“ - Сарандиново; и ПУ „Ѓорче Петров“ - Секирци.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Долнени Ропотово Категорија:Ропотово Категорија:Основни училишта во Македонија