Кара Мурат-паша или Кара Дев Мурат-паша, буквално храбриот џин Мурат-паша(1595 - 1655) — отомански албански државник и воен офицер. Тој служел како капудан-паша и двапати како голем везир. Неговиот епитет Кара („црн“) се однесува на неговата храброст и Дев („џин“) на неговата физичка големина.

Почетоци Мурат бил од албанско потекло. Тој се истакнал уште од самиот почеток на Критската војна меѓу Отоманското Царство и Венецијанската Република. Тој имал најразлични родови во јаничарските воени сили (професионални одреди кој биле јадрото на отоманската армија), и во 1648 година, кога на престолот бил поставен Мехмед IV, тој бил назначен за командант на јаничарските одреди ().Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, istanbul, 2009, ISBN 978-975-254-278-5 pp105-106 Кога отоманската морнарица била поразена од Венеција при Фокијската битка на 12 мај 1649 година, за поразот бил обвинет големиот везир Софу Мехмед-паша, и на 21 мај тој бил заменет со Кара Мурат-паша. Мурат наредил Софу Мехмед-паша да се изгони а подоцна и го погубил.

Првпат како голем везир Во периодот кога Мурат бил назначен за голем везир, султанот имал само седум години и двете Валиде султани (неговата мајка Турхан Хатиџе и баба Ќосем), кои владеле во негово име биле во меѓусебна борба за превласт. Ќосем го поддржувала Мурат, но Турхан Хатиџе била против него. Дополнително, водачите на јаничарите, совојниците на Мурат, исто така не го поддржувале. Чувствувајќи дека неговиот живот е во опасност, Мурат се повлекол на 5 август 1650.Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 103-104 По негов совет, тој бил наследен од Мелек Ахмед-паша.

По неговото повлекување, Мурат бил назначен за управник на Будимскиот Пашалук (современа Будимпешта, Унгарија). Во 1653 година, се вратил во Истанбул и бил назначен за капудан- паша (голем адмирал) и бил задолжен за преносот на засилувања и муниција до Крит преку море. Венецијанската морнарица ги блокирала Дарданелите во тој период, но Мурат успеал да ги порази венецијанците и ја пробил блокадата Прва Дарданелска битка.

Вторпат како голем везир и смрт Мурат повторно бил назначен за голем везир на 11 мај 1655 година. Неговото второ назначување траело кус период; поради големите економски проблеми и противењето на јаничарите, тој повторно се повлекол на 19 август 1655 година. Тој по ова бил назначен за управител на Дамаск во Сирија, но на пат кон градот, тој се разболел и починал. Во период на петте години меѓу неговите две назначувања како голем везир, имало дури шест различни паши, што укажува на фактот дека Отоманцкото царство во тој период било политички нестабилно.

Поврзано Список на отомански големи везири Список на отомански управители на Дамаск

Наводи

Категорија:Воени лица во Отоманското Царство во 17 век Категорија:Починати во 1655 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Албански отомански везири Категорија:Капудан-паши Категорија:Отомански управители на Дамаск Категорија:Отоманци од Отоманско-венецијанските војни Категорија:Критска војна (1645–1669) Категорија:Родени во непозната година