Роненберг () — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија Местоположба
Роненберг се наоѓа во областа Каленбершки крај и се граничи со покраинскиот главен град Хановер, Хеминген, Шпринге, Венигзен и Герден (од североисток, надесно).
Градски единици
Роненберг се состои од следниве места:
Бенте (со местото Зибен Трапен) Емпелде (каде се наоѓа Градското собрание) Име-Ролофен Линдерте Роненберг (каде е сместена дел од градската управа) Фери Вецен
Политика Градски совет
мини|300п|десно|Дел од градската управа во Роненберг
Градскиот совет на Роненберг се состои од 34 членови. Ова е предвидениот број за општина/град со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители. Членовите се избираат на секои 5 години.
На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:
Партија/Листа Места SPD 11 CDU 9 Зелени 5 FDP 1 Левица 1 Слободни гласачи 2 AfD 5
Градоначалник
Од 1 јануари 2014 година, градоначалничка на градот е Штефани Хармс (CDU). Била избрана на 6 октомври 2013 година со 52,8%. Излезноста на гласачите изнесувала 45,0%.
Список на градоначалници
До 2001 година функцијата градоначалник на градот била доброволна, поддржувана од градскиот директор. Во 2001 година обете места биле споени. Градоначалници на градот биле:
1969: Вили Ралфес (SPD) 1969–1971: Ернст-Георг Хипер (SPD) 1971–1981: Артур Зомер (SPD) 1981–1986: Херман Халер (CDU) 1986–1995: Карл Крузе (SPD) 1995–1996: Хорст Рудолф (SPD) 1996–2001: Паул Вениг (SPD) 2001–2013: Волфганг Валтер (SPD) од 2014: Штефани Хармс (CDU)
Како градски директор во тоа време биле:
1969–1981: Хорст Гинтер Хумбек 1981–2001: Бернхард Липолд
Збратимени градови
Роненберг е збратимен со следниве градови:
Диклер, Франција (од 1968 г.) Сваженѕ, Полска (од 1991 г.) Ронебург, Германија (од 1991 г.)
Познати луѓе
Фриц Варнеке (1898-1968) — генерал-мајор Јоханес Вајнек (1915-2005) — војник
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хановер (регион)