Бозоклу Мустафа-паша (1638 – декември 1698) — отомански државник кој бил голем везир од 1693 до 1694 година. Неговиот епитет Бозоклу значи „од Бозок“ (денес Јозгат, Турција).İsmail Hâmi Danişmend, Osmanlı Devlet Erkânı, Türkiye Yayınevi, İstanbul, 1971

Почетоци Мустафа бил бироктат во Отоманското Царство. Тој бил назначен за капудан-паша (голем адмирал) а подоцна и за командант на Полскиот фронт за време на Големата турска војна. Во соработка со Кримскиот хан Селим I Гирај, успеал да ја одбрани важната тврдина во Камјањец-Подиљски, (денес во Украина) од полските напади. Во 1690 година, тој бил назначен за управник на Дамаск (денес Сирија) и Триполи (денес Либан). На 27 март 1693 година, го наследил Чалик Али-паша како голем везир.Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009, p.144

Како голем везир Трансилванија (област во денешна западна Романија; ) била под владение на Австрија, и во летото 1693 година, Мустафа-шаѓа бил во поход да ја освои. Но, австријците поставиле опсада на Белград (денес Србија) на југот од неговиот поход, по што бил приморан да се врати и да го брани Белград. Австријците биле приморани да ја отстранат опсадата. Мустафа-паша ја поравил тврдината и се вратил во главниот град Истанбул. Сепак, бидејќи фронтот бил близу, австријците биле спремни да продолжат со нападите. Мустафа-паша, сепак, бил незаинтересиран за претстојните австриски напади, повеќе се интересирал за ловот и припремата за следниот поход, па така султанот Ахмед II го разрешил на 13 март 1694 година по една година како голем везир.

Смрт Следната служба на Мустафа-паша била управник на Триполи. Во мај 1698 година, тој бил повикан во Истанбл да биде привремен голем везир и да присуствува на воениот фронт. Но кус период подоцна, Мустафа-паша починал во декември 1698 година.

Поврзано Список на отомански големи везири

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Починати во 1698 година Категорија:Османлиски адмирали Категорија:Отомански управители на Дамаск Категорија:Капудан-паши Категорија:Родени во 1638 година Категорија:Родени во непозната година