Јака Чешма - Црквар — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола од римско време и среден век. Во 1981 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил истражување и документирање на 10 гроба со конструкции од камени плочи - тип циста. Само во 4 гроба биле најдени прилози карактеристични за XIV век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 236, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Наоѓалиштето е поделено на две целини: Јака Чешма кое е самата чешма и аквадуктот, и Црквар кое е некрополата.
Местоположба Наоѓалиштето се наоѓа на југоисточната периферија од селото на простор со големо сакрално значење. Од јужната страна наоѓалиштето е отсечено од суводол формиран од поројни дождови. Од северната страна се наоѓа селската џамија, и муслиманските гробови. Низ локалитетот поминува жив селски пат, кој од сретсело во Тремник, води преку Орманков Гроб и Буки кон селото Прждево.
Особености
Јака Чешма мини|лево|230п|Остатоци од аквадуктот. Аквадуктот на наоѓалиштето Јака Чешма датира од римскиот период (1-3 век н.е). Овој аквадукт е сè уште функционален, и дел од селото се снабува со вода од него. Околу 40 метри од аквадуктот е истражен. Аквадуктот е со височина од 1 метар. Единствен аквадукт сличен на наведениот е пронајден во Стоби.
Ископувања во делот Црквар мини|десно|230п|Местоположбата на Црквар (веднаш до црквата „Св. Троица“). На еден мал дел од просторот на селските гробишта, се наоѓаат многубројни парчиња од архитектонска пластика. Столбови, камени и мермерни блокови и др. Сите овие елементи припаѓаат на римски сакрален објект. На наоѓалиштето се најдени антички гробови од типот тегули на две води од периодот 2-4 век.
Со археолошките истражувања биле откриени вкупно 10 гробови. Сите се градени во вид на цисти со плочи од зеленикав шкрилец. Сите гробови се ориентирани запад-исток, со главата на западна страна. Во гробовите 1, 3, 4, 7, 9, и 10 рацете се скрстени во пределот на стомакот. Во гробот 2, левата рака е испружена покрај телото, а десната е положена на стомакот. Во гробот 6, левата рака е свиткана во лактот кон левото рамо, а десната рака положена на стомакот. Во гробот 5, сочувани се само долните екстремитети, според кои сепак може да заклучиме дека се од лице од детска возраст.
Потоа во гробовите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10 е погребано по едно лице. Во гробовите 1 и 7 се погребани три лица, од различна пред се од детска возраст. Во гробот 8 е сочуван само тилниот дел од черепот.
Од вкупно 10 гробови, само 4 се со прилози. 1, 2, 4, и 10. Откриени биле два прстена, еден прапорец, две лимени приврзоци, една масивна алка од лошо сребро и три наушници. Прстенот од гробот 4 има плочеста елипсоидна глава од тенок сребрен лим. На прстенот не се забележани траги од украсување. Прстенот од гробот 10 е изработен од лошо сребро. Алката од прстенот е од потенот сребрен тел.
Наушницата од гробот 1 им припаѓа на типот мешлести округли наушници. Директна сличност имаме од некрополата околу црквата кај селото Манастир, Мариово. Наушницата е од бронза и шупло леана. Другите две наушници сосема се разликуваат по формата. Тоа се две сребрени ливчиња, пронајдени од левата страна на черепот во гробот 4.
Галерија
Поврзано Анска Чешма — некропола од римското време; Белогурија — населба и некропола од римското време; Бунарје — градиште од доцноантичкото време; Градиште — населба од бронзеното време; Лесково Чешмиче - Камено — населба од доцноантичкото време и средниот век; Мали Дол — некропола од средниот век; Романов Гроб — некропола од римското време; Студена Чешма — населба од римското време; Црквиште — старохристијанска црква; Чаир — градиште — утврдена населба и некропола од доцноантичкото време; Шесте Куќи — некропола од железното време; Тремник; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Тремник Категорија:Аквадукти во Македонија