Фудбалски куп на Хрватска е фудбалско натпреварување во Хрватска кое се одржува секоја година.
Формат на натпреварување Во купот се натпреваруваат 48 клубови: 16 најдобро рангирани клубови според коефициентот на ХНС во претходните пет сезони 21 победник на жупанијскиот куп кое го организирале жупанијските фудбалски сојузи 11 поразени во финалето на жупанијскиот куп 32 клуба кои се квалификувале преку жупанијските купови играат во претколото на купот, додека преостанатите 16 ги чекаат победниците во шеснаесттина финалето.
Во завршниот дел на хрватскиот куп учествуваат 16 најдобри клубови според коефициентот на успешност во натпреварувањето во последните пет години, 21 освојувач на Жупанијскиот куп и 11 финалист од жупанијските сојузи со најголем број на регистрирани фудбалски клубови.Frane Vulas: Nakon pet sezona ‘crveni’ direktno u Hrvatskom kupu; Odgođena utakmica Croatije i Splita u Zmijavcima, Slobodna Dalmacija, 25. ožujka 2015.
Купот се игра на претколо, шеснаесттинафинале, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале. Претколото, шеснаесттинафиналето и осминафиналето се играат на еден натпревар, во кој домаќин е послабата екипа по коефициентот. Во четвртфиналето и полуфиналето се игра на два натпревари, а паровите се одредуваат со извлекување независно од коефициентот на клубовите. Финалето од сезоната 2014-2015, се игра на еден натпревар и тоа на неутрален терен. Во случај да натпреварот заврши нерешено, се играат две продолженија од 15 минути, а ако ни тогаш нема победник, се шутираат пенали. Освојувачот на купот го добива пехарот Рабузиново сонце и стекнува право да учествува во УЕФА Лига Европа.
Победници и финалисти СезонаПобедникРезултатФиналистСтадион и град 1992 1 - 1 Инкер, Запрешиќ 1 - 0 Максимир, Загреб 1992-93 4 - 1 Пољуд, Сплит 1 - 2 Максимир, Загреб 1993-94 2 - 0 Максимир, Загреб 0 - 1 Кантрида, Риека 1994-95 3 - 2 Пољуд, Сплит 1 - 0 Максимир, Загреб 1995-96 2 - 0 Вартекс, Вараждин 1 - 0 Максимир, Загреб 1996-97 2 - 1 Максимир, Загреб 1997-98 1 - 0 Вартекс, Вараждин 2 - 1 Максимир, Загреб 1998-99 2 - 1 зг Максимир, Загреб 1999-00 2 - 0 Пољуд, Сплит 0 - 1 Максимир, Загреб 2000-01 2 - 0 Пољуд, Сплит 1 - 0 Максимир, Загреб 2001-02 1 - 1 Максимир, Загреб 1 - 0 Вартекс, Вараждин 2002-03 1 - 0 Алдо Дросина, Пула 4 - 0 Пољуд, Сплит 2003-04 1 - 1 Вартекс, Вараждин 0 - 0 гг Максимир, Загреб 2004-05 2 - 1 Кантрида, Риека 1 - 0 Пољуд, Сплит 2005-06 4 - 0 Кантрида, Риека 1 - 5 гг Вартекс, Вараждин 2006-07 1 - 0 Максимир, Загреб 1 - 1 Градски, Копривница 2007-08 3 - 0 Максимир, Загреб 0 - 0 Пољуд, Сплит 2008-09 3 - 0 Максимир, Загреб 0 - 3 прод. (4-3 пен.) Пољуд, Сплит 2009-10 2 - 1 Пољуд, Сплит 2 - 0 Шубичевац, Шибеник 2010-11 5 - 1 Максимир, Загреб 3 - 1 Градски, Вараждин 2011-12 0 - 0 Градски врт, Осиек 3 - 1 Максимир, Загреб 2012-13 2 - 1 Пољуд, Сплит 3 - 3 Максимир, Загреб 2013-14 1 - 0 Максимир, Загреб 2 - 0 Кантрида, Риека 2014-15 0 - 0 прод. (4-2 пен.) Максимир, Загреб 2015-16 2 - 1 Градски врт, Осиек 2016-17 3 - 1 НК Вараждин, Вараждин 2017-18 1 - 0 Цибалија, Винковци 2018-19 3 - 1 Алдо Дросина, Пула
Титули по клуб Екипа Титули Години на освојување на титулите 15 1994, 1996, 1997, 1998, 2001, 2002, 2004, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012, 2015, 2016, 2018 6 1993, 1995, 2000, 2003, 2010, 2013 5 2005, 2006, 2014, 2017, 2019 1 1992 1 1999
Повзрано Прва фудбалска лига на Хрватска
Наводи
Надворешни врски hrnogomet.com, Hrvatski nogometni kup
Категорија:Фудбалот во Хрватска