Гробишта — археолошко наоѓалиште во штипското село Доброшани. Претставува средновековна некропола. На 600 метри северно од селото, покрај коритото на суводолицата на Слатински Дол се откриени гробови со насоченост исток-запад и со различни конструкции. Едни се од камени плочи, а други од реден камен, со и без покривни плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 433, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Доброшани; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Доброшани