Основно училиште „Гоце Делчев“ (во минатото: Основно училиште „Маршал Тито“; официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Тетово; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Тетово, Општина Тетово.

Денес, името на училиштето е во чест македонскиот национален херој Гоце Делчев, додека во минатото училиштето било именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.

Историја

Училиштето започнало со работа на 24 декември 1944 година како четиригодишно училиште со 14 паралелки и 632 ученици со името „Маршал Тито“. Од учебната 1956/1957 година прераснува во осумгодишно училиште со 30 паралелки и 900 ученици. На 1 септември 1993 година училиштето било преименувано во „Гоце Делчев“. Од второто полугодие на учебната 1976/1977 година е изградена нова училишна зграда и оттогаш условите за реализација на современото образование се многу подобри. Во денешно време наставата се одржува на македонски и албански јазик.

На 1 септември 1993 година училиштето се преименува во „Гоце Делчев“. Од второто полугодие на учебната 1976/1977 година е изградена нова училишна зграда, а оттогаш условите за реализација на современото образование се многу подобри.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Тетово Категорија:Основни училишта во Тетово Тетово Категорија:Основни училишта во Македонија