Основно училиште „Видое Подгорец“ (во минатото: Основно училиште „Григор Прличев“; официјално: Основно општинско училиште „Видое Подгорец“ - Колешино; скратено: ООУ „Видое Подгорец“) — централно основно училиште во струмичкото село Колешино, Општина Ново Село.
Училиштето е именувано по еден од најплодните македонски писатели Видое Подгорец.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Колешино, веднаш до регионалниот пат Р1402 кој поминува низ селото.
Историја
Училиштето започнало со настава во 1951 година, и тоа под името ЦОУ „Григор Прличев“.
Сегашната училишна зграда била изградена во 1969 година. Училиштето било реконструирано во април 2006 година, со донација на Норвешка и владата на Македонија. Во јуни 2006 година се вградило и парно греење со средства од Министерството за образование и Секторот за евроинтеграции при Владата на Македонија. Во јули 2006 година, училиштето го променило името во Видое Подгорец, во чест на големиот македонски писател, роден во Колешино.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Видое Подгорец“ - Мокриево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Видое Подгорец“ - Мокрино, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Ново Село Категорија:Колешино Колешино Категорија:Основни училишта во Македонија