Основно училиште „Даме Груев“ (официјално: Основно општинско училиште „Даме Груев“ - Ерџелија; скратено: ООУ „Даме Груев“ - Ерџелија) — централно основно училиште во овчеполското село Ерџелија, Општина Свети Николе. Училиштето се наоѓа во самото село, покрај главната улица.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Даме Груев.

Местоположба

мини|200п|лево|Училишниот двор

Централниот објект на основното училиште се наоѓа во средишниот дел на селото Ерџелија.

Историја

Училиштето било основано во 1966 година.

Настава

Во училиштето се изведува настсава во една смена со 5 паралелки во одделенска настава и 6 паралелки во предметна настава. Наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Даме Груев“ - Мустафино, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Даме Груев“ - Кадрифаково, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Даме Груев“ - Амзабегово, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Даме Груев“ - Пеширово, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Свети Николе Ерџелија Категорија:Ерџелија Категорија:Основни училишта во Македонија