Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово; скратено: ООУ „Дедо Иљо Малешевски“) — единствено основно училиште во градот Берово и едно од двете училишта во Општина Берово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски ајдутски и востанички војвода Дедо Иљо Малешевски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на градот.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Будинарци, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Владимирово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Двориште, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Мачево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Митрашинци, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Ратево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Смојмирово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Основни училишта во Општина Берово Категорија:Основни училишта во Берово Берово Категорија:Основни училишта во Македонија