Подрачно училиште „Наим Фрашери“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Наим Фрашери“ - Туин; скратено: ПООУ „Наим Фрашери“; во минатото: ОУ „Даме Груев“) — подрачно основно училиште во селото Туин, составен дел на истоименото училиште од селото Јагол Доленци, Општина Кичево. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Туин.
Денес, училиштето е именувано по албанскиот поет, Наим Фрашери, додека во минатото училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Туин.
Историја
Објектот на училиштето потекнува од 1998 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик.
Наставата е организирана од прво до деветто одделение. Во ова училиште продолжуваат и учениците од ПУ „Наим Фрашери“ - Калешовци, кое е петгодишно.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Кичево Туин Категорија:Туин