Окарина – дувачки инструмент со долгнавест облик кој потсетува на птичја глава.A. Gojković: »Okarina«, u: Narodni muzički instrumenti, str. 140
Историјат Окарината е позната ширум светот, од Латинска Америка до Кина. Во Европа ја донеле шпанските конквистадори како своевиден сувенир од Новиот Свет. Италијанецот Џузепе Донати ја направил модерната окарина.
Топчеста окарина во Македонија Во Македонија е пронајдена топчеста окарина со три отвори која датира од неолитскиот период и е стара околу 6000 години.Македонски документи: Топчеста окарина
Изработена е од теракота, била пронајдена во 1989 година на археолошкиот локалитет Мраморје, Чашка, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа.
Окарината и покрај староста е сè уште функционална и на неа може да се свири. Тоа го покажал македонскиот музичар Драган Даутовски.
Структура Се изработува од печена глина или порцелан. Тонскиот опсег главно ѝ е октава. Со пребирање со прстите по дупчињата се добива саканиот тон.
Наводи
Категорија:Музички инструменти Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ