Оромскиот или само оромо (Afaan Oromoo) е афроазиски јазик, дел од групата на кушитски јазици. Јазикот се зборува во Етиопија (во сојузната држава Оромија), но и во соседните Кенија и Сомалија. Оромскиот е мајчин јазик на Оромците.
Оромскиот моментално е најзборуваниот јазик во Етиопија, односно го зборуваат околу 33,8 % од населението. Воедно, оромскиот е најзборуван кушитски јазик во светот, а четврт најголем јазик во Африка. Јазикот го зборуваат над 35 милиони луѓе во Етиопија и околните држави. Јазикот, иако е најголем во Етиопија, не е службен во државата, туку само во регионот Оромија.
Дијалекти
Етнолог во 2015 објавил дека јазикот е составен од следните големи дијалектни групи: борански источнооромски ормански западни ватански
Говорници Околу 85 проценти од Оромците живеат во Етиопија, претежно во регионот Оромија. Мал број на Оромци живеат во Сомалија. Во Кенија живеат околу 500.000 Оромци.
Наводи
Надворешни врски
Глас на Америка на оромо. PanAfriL10n Страница за оромо
Категорија:Источнокушитски јазици Категорија:Јазици во Етиопија Категорија:Јазици во Кенија