Гитега (рунди: Gitega) е главен град на Бурунди. Градот се наоѓа во центарот на државата, на околу 62 километри источно од Буџумбура. Гитега е втор најголем град во државата.) Гитега бил главен град на Кралството Бурунди сè до укинувањето на кралството во 1966. Денес Буџумбура останува економски главен град на државата. На 16 јануари 2019 година донела законс со кој се сменил главниот град, и владата има рок од три години да се пресели во Гитега. Ова следи како најава на тогашниот премиер дека Бурунди ќе го врати традиционалниот главен град на државата, наместо Буџамбура кој бил колонијален главен град.
Географија Гитега е дел од покраината Гитега, каде е и административен центар. Градот се наоѓа во средината на државата. Градот е опколен од планини, а во непосредна близина е реката Рурубу. Во близина на градот се наоѓа најголемиот национален парк во Бурунди, Националниот парк Рувубу.
Образование Во Гитега се наоѓа Политехничкиот универзитет на Гитега, кој е основан в 2014 година.DAM, Burundi: Début des cours à l’Université Polytechnique de Gitega en février, burundi-agnews.org, Burundi, January 9, 2014
Култура Во Гутега се наоѓа Националниот музеј на Гитега. Во градот има кралски двор, традицоонално седиште на бурундските кралеви.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
„Бурунди се приклучува на другите африкански држави со менување на главниот град“ , IndependentNews
Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Градови во Бурунди Категорија:Населени места основани во 1912 година