Св. Варвара — археолошко наоѓалиште во прилепското село Варош. Претставува средновековна црква.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на црквата „Св. Атанасиј“, поточно околу 150 метри северозападно од неа.

Опис

Со ископувањето во 1964 година од страна на Музејот во Прилеп, биле откриени остатоци од средновековната црква „Св. Варвара“. Црквата се споменува во повелбата на кралот Стефан Душан како црква на манастирот Трескавец и била уште тогаш урната. Во 1964 година биле вршени археолошки ископувања од страна на стручни екипи од Музејот во Прилеп.

Тоа може да значи дека на просторот на Варош во извесен период од минатото илјадалетие (или порано) егзистирале точно 77 цркви. Co тоа се потврдува и преданието дека секое семејство во Варош поседувало и сопствена црква. Таквиот однос кон христијанството жителите на Варош веројатно го имале пред турското освојување на Балканот и во негови рамки на Македонија. Во тоа време на просторот на Маркови Кули и Варош имало населба со градски одлики, за што недвосмислено говори и преданието за 77 цркви и за поседување сопствена црква на секое од семејствата. Дека големиот број цркви потекнуваат од пред турскиот период говори и датирањето на денешните цркви, како и оние кои се археолошки потврдени со нивните остатоци. Имено, тие датираат од првите векови на минатиот милениум почнувајќи од XII, па сè до XIV век. Уште повеќе, некои од овие цркви имаат индиции за многу постар датум на светост со поставување постари свети градби, како што се рано­хрис­ти­јанските базилики, но и античките храмови.,ПРИЛЕП

Поврзано Бревчина — населба од римското време; Заград — населба од железното време; Кабања — населба од римското време; Калдрма — некропола од железното и хеленистичкото време; Куќата на Ѓошеви — депо од бронзеното и железното време; Куќата на Мантови — некропола од бронзеното време; Манастир Св. Архангел Михаил — осамен наод од римското време; Маркови Кули — средновековна тврдина; Мечкина Дупка — некропола од хеленистичкото време; Падарница — некропола од римското време; Под Кули — некропола од хеленистичкото време; Попадин Дол — некропола од железното време; Св. Атанас — осамен наод од римското време и средновековна населба и некропола; Св. Врач — средновековна црква; Св. Димитрија — осамен наод од римското време; Св. Ѓорѓија — средновековна црква; Св. Јован — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Никола — осамени наоди од римското време и средновековна црква со некропола; Св. Петар — осамен наод од римското време; Св. Харалампија — осамен наод од римското време и средновековна црква; Светец — некропола од бронзеното време; Сивастоец — средновековна некропола; Слон — населба од бронзеното време; Ташачица — населба и некропола од доцноантичкото време и средновековна населба; Црква 13 — осамен наод од римското време и средновековна црква со некропола; Црква 14 — средновековна црква; Црква 15 — средновековна црква; Црква 16 — средновековна црква и некропола; Бањиште — праисториска населба и античка бања; Бегова Нива — некропола од железното време; Куќа на Цилкоски — гроб од железното време; Маркови Кули-Градина — некропола од доцноантичко време и средниот век; Маркови Кули-Карпесто Живеалиште — праисториско карпесто живеалиште; Песјобрдце — доцноантичка населба; Роклејца — доцноантичка населба; Варош; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Варош