Основно училиште „Јашар-бег Скопски“Во некои документи се сретнува името Јашар Беј, што е албанско именување за бег, како и Шкупи, што е истоветно на Скопје. (во минатото: Основно училиште „Јане Сандански“; официјално: Основно општинско училиште „Јашар-бег Скопски“ - Чаир; скратено: ООУ „Јашар-бег Скопски“) — централно основно училиште во скопската населба Дуќанџик, Општина Чаир.

Денес, училиштето е именувано по некогашниот градоначалник на Скопје Јашар-бег Кумбараџи, додека во минатото било именувано по македонскиот револуционер, Јане Сандански.

Именување

Во 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Јане Сандански“ во „Јашар-бег Скопски“ („Јашар Беј Шкупи“), но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината. Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.

Историја

Училиштето „Јане Сандански“ е основано во 1957 година и во него учат околу 600 ученици, на македонски, албански и на турски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Чаир Категорија:Дуќанџик Дуќанџик Категорија:Основни училишта во Македонија