Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Облешево; скратено: ООУ „Климент Охридски“На натписната табла на училиштето стои името ООУ „Св. Климент Охридски“, но во официјалните документи издадени од самото училиште и од општината Чешиново-Облешево, се користи единствено името ООУ „Климент Охридски“.) — централно основно училиште во кочанското село Облешево, Општина Чешиново-Облешево.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Историја
Училиштето било изградено во 1947 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Климент Охридски“ - Бања, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Климент Охридски“ - Кучичино, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Климент Охридски“ - Теранци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Климент Охридски“ - Чифлик, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Чешиново-Облешево Облешево Категорија:Облешево Категорија:Основни училишта во Македонија