Nikon Corporation или скратено Nikon (Никон) — јапонско мултинационално претпријатие со седиште во Токио, Јапонија, специјализирано за оптика и фотографија. Сите фирми кои што ги поседува Никон ја формираат Групацијата Никон (Nikon Group) .
Производите на Никон вклучуваат камери, фотоапарати, леќи на фотоапарати, двогледи, микроскопи, офталмолошки леќи, инструменти за мерење, дурбини, и слични оптички инструменти. Компанијата е осма по големина производител на опрема за чипови, според податоци од 2017 година. Исто така, таа се диверсифицирала и во нови области како што се 3Д печатење и регенеративна медицина за да ги компензира негативните влијанија од намалувањето на пазарот на дигитални фотоапарати.
Компанијата била основана на 25 јули 1917 година како Nippon Kōgaku Kōgyō Kabushikigaisha, а компанијата била преименувана во Nikon Corporation, според нејзините камери, во 1988 година. Никон е член на групацијата Мицубиши. Наводи