Античка Фурна — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува осамен наод од доцноантичкото времеОхрид. На 5-тиот километар од левата страна на патот Охрид - Св. Наум е откриена фурна за печење тули. Има четвртеста форма и е составена од два дела. Горниот е четвртест и служел за поставување на непечени тули, а долниот е дводелен, со сводести окна што служеле за загревање на горниот дел. Фурната е случајно откриена во 1969 година, при изградбата на асфалтниот пат, а во 1972 година е конзервирана. Поврзано Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време; Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време; Видобишта — гробница од римското време; Горно Трново — населба од римското време; Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола; Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време; Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика; Долно Трново — населба од неолитското време; Козлук — населба од римското време; Карабегомала — храм од хеленистичкото време; Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти; Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време; Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век; Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола; Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век; Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век; Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век; Охрид - Лихнид — Антички град; Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви; Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век; Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола; Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време; Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети; Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола; Хермелеја — населба од римското време; Охрид; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069;
Наводи
Категорија:Охрид