Мехмед Мехмеди (роден во година во село Зајас - починал во година во село Букојчани) — македонски партизан, делегат на Второто заседание на АСНОМ од албанска народност.

Животопис

Мехмеди бил учесник во НОБ (од летото 1943) и ранет во Мавровско, како борец на Групата баталјони на НОВ и ПОМ. По оздравувањето, тој станал борец на Седмата македонска шиптарска НО бригада. Бил убиен во балистичка заседа на враќање од Второто заседание на АСНОМ, заедно со делегатот на АСНОМ, Реџо Рушит Лимани (Зајази).

Наводи

Категорија:Луѓе од Зајас Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ