Димко Митрев (роден во година во - починал на година во ) — македонски револуционер, организатор на НОБ во Велес, борец на НОПО „Димитар Влахов“ (од април 1942).

Животопис

Димко Митрев бил организатор на работнички штрајкови во Велес пред војната, член на СКОЈ (од 1938), на КПЈ (од 1940), а на МК на КПЈ за Велес (од 1941). Во неговата куќа (октомври 1941) бил отпечатен првиот број на илегалниот весник „Народен билтен“. Во 1941 г. преминал во илегалство, а во април 1942 г. заминал во партизани. Бил комесар на Велешкиот НОПО. Загинал на 10 декември 1942 година при експлозија во неговиот дом, заедно со Катарина Капчева. Експлозивот била наменет за диверзантска акција на железничката линија Велес - Гевгелија.

При овој несреќен случај загинале повеќе лица: Тоде, Љуба и Васа Митреви и Трајко, Илија и Ката Капчеви.

Во негова чест Во неговиот роден град Велес, постои компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи, која е именувана по него.

Наводи

Надворешни врски Одбележана годишнината од смртта на Димко Митрев Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти